#ЗасекогашСоНас @monsy_cupcake

Posted on June 13, 2013 by

3



994288_429686497130743_32831441_n

Црн ден за македонската твитер заедница – изгубивме една многу мила „колешка“ твитерџика.  Голем дел не ја познаваа воопшто, надвор од ТЛ, мал дел ја познаваа и во реланоста, но тоа не беше причина нејзиното прерано заминување од овој свет да не погоди сите.

Мала и мила, секогаш знаеше да ни го развесели тајмлајнот со некоја добра досетка или да не замисли со кажаното. Во нејзина чест, сите твитерџии се сплотивме да и оддадеме последна почит, на начинот на кој ние најдобро знаеме, со хаштаг и едночасовен молк.

Во овие моменти останати сме без зборови. Тага и жал за прерано згаснување на нечиј живот. Се што ни останува се убавите спомени и нејзините твиотви.

Жално е што вакви моменти не отрезнуваат, зближуваат и потсеќаат дека во животот всушност имаме повеќе време за сакање, отколку за мразење. Не сплоти и нас твитерџиите, како најголеми мразачи и пробавме да укажеме почит на некаков начин, и да се навикнеме дека тајмлајнот ќе ни биде посиромашен за едно мило детско лице.

Почивај во мир мила.

Posted in: Uncategorized