Твитер крводарителска акција #крводарители

Posted on September 3, 2013 by

3



Еден од ретките постови на овој блог кој не вклучува хејтање, мрчење, озборување или било што од негативен карактер е дефинитивно овој, што реално ми е многу мило за тоа.

За прв пат на блогов, а воедно и на Твитер, како социјална мрежа, започна и се направи целосна организација на Првата Твитер крводарителска акција.

red-cross-twitterАкцијата е закажана за на 13ти септември (петок). За многу од вас петок 13ти значи несреќен ден. Токму тоа е и причината за да се одбре овој датум, со цел да се покаже дека тој ден не мора да значи дека е баксуз или несреќен. Мотото или слоганот за акцијата е: „Петок 13ти не мора да биде несреќен ден. Биди хуман, дарувај и спаси нечиј живот“. Ова сметам дека доволно кажува дека не се работи само за да се покаже хуманоста, туку да се „разбијат“ одредени малери и верувања кои „висат“ над нашето поднебје.

Крводарителската акција ќе се одржи од 11 до 18 часот, во центарот на Црвениот Крст – „Даре Џамбаз“, наспроти зградата на QBE (поранешно ЗОИЛ).

На Твитер имаше неколку прашања во однос на дарувањето. Ќе пробам да ви објаснам во кратки црти, па кој има нејасно може слободно да ме праша на Твитер или Фејсбук, со задоволство ќе му објаснам.

twitter-red-crossЗа дарување крв нема посебни правила, освен добра волја и насмевка. Доколку сте веќе крводарител можете да си ја носите крводарителската книшка на која ќе ви го заведат дарувањето. Доколку и не ја понесете или книшката ви е изгубена повторно можете да дарувате, со тоа што дарувањето ќе ви биде заведено во картон. Тоа дарување повторно ќе ви биде заведено во истата кога ќе ја најдете или кога ќе извадите нова книшка. Ако сакате да дарувате за прв пат тогаш не треба да носите ништо со вас, освен желба да дарувате и да докажете дека можеме да бидеме хумани.

Заради потребите на Црвениот Крст треба да го пополните формуларот за евиденција.

Се гледаме на хумана дружба : „Петок 13ти не мора да биде несреќен ден. Биди хуман, дарувај и спаси нечиј живот“.

Posted in: Uncategorized