Релативен пост

Posted on January 21, 2013 by

0



Времето е релативно, барем така Ајнштајн рекол. Рекол човекот и се потрудил да докаже, ама изгледа не му успеало и сега за сега ние само можеме да му веруваме без доказ. Добро додуша офицјален доказ нема, ама има по некоја случка у животот која ни покажува дека можеби бил у право. Прво што е теоријата на релативност? Некаде по книгите за средно и по некои факултети има по некое „четиво“ за тоа, ама тешко кој ја разбира. Епа за малце полесно разбирање, следуваат по неколку конкретни примери за некои работи што се релативни, не само времето. Напомена, некои од овие се можеби некаде прочитани по интернет.

einstein-tongue-out

– Туркото кафе се вари релативно бавно доколку стоиш над ѓезвето и го пазиш, а релативно брзо доколку погледнеш низ прозор на само неколку секунди. Во воториот случај најчесто претекува. Истото важи и за млеко.

– (Стара позајмена) Времето е релативно – стави рака на жешка рингла и 1 минута ќе ти трае колку 1 час, разговарај 1 час со згодна девојка и ќе ти трае како 1 минута.

– Секој во одреден дел од животот има помислено да направи нешто екстремно, ама релативно глупо би било да скокнеш од авион со расипан падобран.

– Еден сперматозоид е релативно малку, ама релативно доволно за да направи една беља. Истото важи и кога се работи за идиоти.

– Мачкино гомно е релативно мало, ама ствара релативно доволно метан за да опожариш една стамбена зграда.

– Иако фризерите се релативно ефитни, некои жени си го кратат метилот со нокталица.

– Ако мислиш дека си релативно глуп, тогаш си релативно во право.

– Македонија е релативно помала од Америка, патувањето во соседниот град трае релативно подолго.

– Свечена чевла е релативно добра работа да се носи, ама не на спортска облека. Тоа најчесто го прават луѓе кои имаат релативно лош вкус за мода.

– Едно бокалче ракија е релативно многу ако го пиеш сам, а две бокалчиња се релативно малку ако ги пиете двајца.

– Батеријата на телефонот ти држи релативно долго кога не ти треба, во спротивно ќе ти се исклучи кога највеќе ќе ти треба.

– Три чинии се релативно малку, освен кога треба да ги измиеш.

– Два и пол саати ти се релативно многу за една партија секс, ама релативно малку кога си на испит.

– 20 сантиметри можат да бидат релативно голема или релативно мала работа, во зависност каде ќе ги ставиш.

– Колата што се движи пред тебе е секогаш релативно бавна

– Чекањето на семафор е релативно долго, без оглед дали се работи 5 или 50 секунди, без оглед дали си пешак или кола

– Еден пензионер од 80тина години е релативно бавен кога треба да оди до продавница, ама релативно брз кога ќе примети празно место во автобус

– 40 години се релативно краток животен век, ама минат релативно бавно ако си во брак.

Posted in: Uncategorized